Капитенот на македонскиот ракометен шампион Ванчо Димовски се надева дека тимот ќе ја оствари целта и клубот од Автокоманда на крајот од групната фаза ќе има шест бода.
– Ова беше тешка средба и за гледање и за играње. Направивме многу грешки, особено во моментите кога сакавме да одиме на ризик. Очигледно е дека и притисокот си го стори своето. Сепак, добро е што успеавме на крајот да се израдуваме на победаа. Ова беше многу важен меч за нас и се надеваме дека ќе ни даде сила за да го оствариме она што го зацртавме, а тоа е сезоната да ја завршиме со шест освоени поени- изјави Димовски по победата вечерва на Металург во „Борис Трајковски“.
Тимот од Автокоманда вечерва против шпанска Ла Риоха ја забележа првата победа сезона во Лигата на шампионите славејќи со 29-28 со голот на Наумче Мојсовски во последните секунди од мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.