Наумче Мојсоски во вистински стил се врати на ракометниот терен, постигнувајќи 11 гола од исто толку обиди во вечерашниот меч од Лигата на шампионите (ЛШ) против шпанската Ла Риоха. Металург вечерва првпат победи во годинешното издание на најелитната ракометна Лига, славејќи со 29-28 во „Борис Трајковски“.
– Ова е прва победа сезонава. Малку го загубивме и менталиот на победници и овој триумф ни беше многу потребен. Нашата цел е да завршиме со шест бода во групата. По оваа победа ќе има сонце и светли денови за нас – изјави Мојсоски.
Тој се надева дека во брзо време ќе се средат и работите во клубот и турбулетниот период ќе биде зад нив.
– И пред четири години тргнавме по потешкиот пат и сега тоа ни се случува, навикнати сме – изјави стрелецот на победничкиот гол за Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.