| четврток, 6 декември 2018 |

Ла Риоха подобра во првиот дел и води во Скопје против Металург со 16-15

Во шестото коло од Лигата на шампионите македноскиот шампион Металург во СЦ „Борис Трајковски“ губи на полувреме од шпанскиот тим Ла Риоха со 16-15. Во натпревар на кој има многу голови во првите 30 минути гостите од Шпанија со убиствени контри и серија од 7-1 ја анулираа предноста и поведоа со два гола разлика. Металург со десеткуван состав се обидува да дојде до првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите и со теоретски шанси да се обиде да дојде до посакуваното четврто место во групата кое води во следната рунда.
Нападот функционира како никогаш до сега годинава, но одбраната и голманите немаат свој ден. Мисовски и Митревски вкупно имаат само три одбрани.
Во вториот дел избраниците на Лино Червар ќе се обидат да заиграат поангажирана одбрана и да дојдат до резултатски пресврт и првата победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top