| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците да ја искористат поддршката од Владата

сите земјоделци кои сакаат да ги осигураат своите земјоделски имоти ќе може да ги поднесуваат своите барања до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството за државата да може да им даде 60% од парите за осигурувањето, и тој рок ќе трае до крајот на август

Владата апелира до земјоделците постојано да се искористува владината мерка за давање финансиска поддршка во висина од 60 отсто од трошокот за осигурување на земјоделските стопанства.
– Владата одлучи оваа година за двојно да ја зголеми вкупната сума на средства кои ги дава на лицата кои сакаат да ги осигураат своите земјоделските стопанства, од ланската сума на исплатени околу 17 милиони денари, сумата за оваа година изнесува 35 милиони денари. Доколку се оствари нашата интенција и постои зголемен интерес за осигурување во земјоделството, Владата ќе ја зголеми оваа сума со цел да излезе во пресрет на земјоделците и да ги опфати лицата кои сакаат да се осигурат – изјави  владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
 georgiev
Веќе од месец април, како што појасни тој, сите земјоделци кои сакаат да ги осигураат своите земјоделски имоти ќе може да ги поднесуваат своите барања до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството за државата да може да им даде 60% од парите за осигурувањето, и тој рок ќе трае до крајот на август.
– Процедурата е едноставна и се состои од три чекори, без посебни ограничувања. Прво земјоделецот поднесува барање на пропишан образец во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и врз основа на поднесеното барање ПЕ издава потврда за пријавени производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, потоа барателот ја доставува потврдата до осигурителната компанија која е по избор на барателот, без ограничувања. Осигурителната компанија и барателот склучуваат полиса при што барателот се задолжува со 40 отсто од вредноста на полисата а за останатите 60 отсто се задолжува Агенцијата, значи осигуреникот земјоделец плаќа само 40 отсто од сумата на осигурувањето кон осигурителната компанија, а останатите 60 отсто од средствата ги исплаќа Агенцијата –  рече Ѓорѓиев, додавајќи дека во третиот чекор земјоделецот треба да ја извести Агенцијата, која за одобрените барања врши исплата на сметка на осигурителната компанија, за име и за сметка на барателот. За добивање на средствата нема посебни услови туку важат оние општите услови кои важат за добивање на субвенции во земјоделството.
На овој начин имотот(посевот, насадот, расадот) е осигуран и доколку во идниот период настане некоја непогода и го оштети имотот на земјоделецот, осигурителната компанија на земјоделецот му ја надоместува загубата.
Оваа е една исклучително поволна можност за земјоделците и повикуваме да се искористи, веќе од април тие може да ги доставуваат своите апликации, и тој рок ќе трае најмалку до крајот на август што значи дека и во овој рок може да ги осигураат своите насади, расади, посеви и да добијат 60 отсто од парите за осигурувањето од државата. На тој начин земјоделскиот имот ќе им биде осигуран и во случај на штета ќе се надомести. На овој начин сите добиваат, и земјоделците но и осигурителните компании кои поради зголемениот обем на работа нема да имаат загуби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top