| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки повторно во финишот не успеаваат да дојдат до победа, овојпат поразени од Турингер

Во последното коло од Лигата на шампионите во ракомет ЖРК Вардар со пораз од 21-20 се враќа во Скопје од гостувањето во Нордхаузен против домашната екипа на Турингер.
Вардарки одиграа одлично прво полувреме по кое водеа на паузата со два гола разлика (10-12). Во ово период од играта одбраната беше таа што го диктираше темпото. Ина Суслина и Андреа Пенезиќ беа ударните игли во составот на Индира Кастратовиќ.
Во вториот дел почетокот им припадна на „црвено-црните“ и со лесно дојдоа до водство од три разлика (14-11). Сепак Турингер не се предаде, ги консолидира редовите во одбраната на чело со денеска фантастичната голманка Јана Краузе која успеа да фати 20 топки, дојде до целосен пресврт и инфаркт завршница. Во самата завршница судиите оправдано досудија пенал за Вардар на една минута до крајот. Пеналот го изведе Маја Зебиќ, но јунакот на Турингер голманката Краузе го одбрани и ја доведе екипата до победа. Во последниот напад на пет секунди до крајот домаќинките постигнаа гол и заслужено се радуваа.
Со овој пораз ЖРК Вардар во следната рунда пренесува само три бода од групата во која уште беа и Подравка и Будуќност.
Во Лигата на шампионите следни пауза поради европското првенство за жени кое се игра во декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top