| четврток, 6 декември 2018 |

Сања Лефкова доби син

Младата македонска пејачка Сања Лефкова вчеравечер на свет го донесе своето прво дете. Со нејзиниот сопруг Димитар Христов – Мики , сопственик на скопскиот ланч бар „Ред кафе“, уште пред да станат родители донеле одлука нивниот прв син да се вика Никола.

– Го добив најубавиот дар од Бога пред неколку саати. Не можам да го опишам чувството како е да бидеш храбра и горда мама. Фала ти љубави за најскапоцениот дар. Мики, те сакаме и двајцата – напиша таа само два саати по породувањето.

Неодамна за „Република“ Сања изјави дека планира активно да се врати на музичката сцена, но со новото презиме, како Сања Христова, а иако само што се породи, се уште е во преговори за настап за дочекот на Нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top