| четврток, 6 декември 2018 |

ФЕЉТОН НА РЕПУБЛИКА: „Мрачното време на транзицијата“ – 1997 – ТАТ, студентски протести и меѓуетнички судир

Са­мо на­бро­ју­ва­ње­то на по­тре­си­те од оваа го­ди­на е до­вол­но за да се опи­шат пос­ле­ди­ци­те од ап­со­лут­на­та власт што ја во­де­ше Ма­ке­до­ни­ја низ тран­зи­ци­ја­та. Вкуп­на­та ат­мо­сфе­ра и на еко­ном­ски и на ме­ѓу­ет­нич­ки план, се чи­ни, исп­ли­ва на по­вр­ши­на во таа 1997 го­ди­на. Со еко­ном­ски реч­ник, по­ра­стот на БДП бе­ше 1,4 про­цен­ти, ди­рект­ни­те стран­ски ин­ве­сти­ции беа око­лу 30 ми­ли­о­ни до­ла­ри, стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност бе­ше 36 про­цен­ти, а про­цен­тот на си­ро­ма­шти­ја 19

Го­ди­на­та 1997 е го­ди­на­та ко­га се пра­ви здел­ка­та ме­ѓу МВР и ЗУС, ми­ли­он­ска афе­ра за ко­ја се оце­ну­ва де­ка др­жа­ва­та е оште­те­на за око­лу 30 ми­ли­о­ни гер­ман­ски мар­ки; се слу­чу­ва род­нин­ска рас­пре­дел­ба на фри­шо­пи­те; се откри­ва де­ка ис­чез­ну­ва­ат 28 ки­ло­гра­ми ко­ка­ин од де­по­то на МВР; во здрав­ство­то се пра­ви биз­нис со ле­ко­ви со по­ми­нат рок; а пред по­ли­ци­ја­та тај­ни­те на швер­цот и кр­ше­ње­то на ем­бар­га­та ги откри­ва Пе­трит Аме, чи­ја­што при­каз­на, во ко­ја се спо­ме­ну­ва­ни ви­со­ки уг­лед­ни ими­ња од оп­штес­тве­ни­от и од по­ли­тич­ки­от крем, ја по­твр­ду­ва и по­ли­ци­ја­та.

Иа­ко е и тоа мно­гу за ед­на го­ди­на, се­пак не­до­сти­га­ат глав­ни­те обе­леж­ја на 1997 го­ди­на – сту­дент­ско-сред­но­школ­ски про­те­сти по­ра­ди во­ве­ду­ва­ње­то на ал­бан­ски­от ја­зик во Пе­да­го­шка­та ака­де­ми­ја, во­о­ру­же­ни­от су­дир на по­ли­ци­ја­та со ал­бан­ско­то на­се­ле­ние во Те­то­во и во Го­сти­вар и ап­се­ња­та на гра­до­на­чал­ни­ци­те Ру­фи Ос­ма­ни и Алај­дин Де­ми­ри; и, се­ка­ко, про­па­ѓа­ње­то на пи­ра­ми­дал­ни­те ште­дил­ни­ци ТАТ, „Лаф­ци“, „Џа­ма­дан­че“, „Ал­фа-С“, „Ли­бер­ти“…

 

Сту­ден­ти и сред­но­школ­ци

Сту­ден­ти­те не се сог­ла­су­ваа со пред­лог-за­ко­нот за упо­тре­ба на ал­бан­ски­от ја­зик на Пе­да­го­шка­та ака­де­ми­ја, кој пред­ви­ду­ва­ше сту­ден­ти­те од ал­бан­ска на­ци­о­нал­ност да по­се­ту­ва­ат на­ста­ва на мај­чин ја­зик. Но, од ра­бо­та­та на ми­ни­стер­ка­та за обра­зо­ва­ние Со­фи­ја То­до­ро­ва беа не­за­до­вол­ни и про­фе­со­ри­те и по­ли­тич­ки­те пар­тии-парт­не­ри на СДСМ, ка­ко и ПДП, ко­ја ба­ра­ше ле­га­ли­за­ци­ја на Те­тов­ски­от уни­вер­зи­тет, и, се­ка­ко, опо­зи­ци­ја­та. Сту­ден­ти­те Ма­ке­дон­ци од Пе­да­го­шка­та ака­де­ми­ја по­ба­ра­ат пов­ле­ку­ва­ње на пред­лог-за­ко­нот, по­тоа за­кон за ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние и оста­вка на То­до­ро­ва. Пред­лог-за­ко­нот не бе­ше по вол­ја ни­ту на сту­ден­ти­те Ал­бан­ци, кои со ме­се­ци ја бој­ко­ти­ра­ат на­ста­ва­та на ака­де­ми­ја­та.

За пр­ви­те трид­нев­ни­те про­те­сти од 14 до 17 ја­ну­а­ри, под мо­то­то „За за­шти­та на Уста­вот“, од ко­ле­ги­те-сту­ден­ти Ал­бан­ци од УКИМ стиг­на осу­да, до­де­ка сту­ден­ти­те од не­приз­на­е­ни­от уни­вер­зи­тет во Ма­ла Ре­чи­ца одр­жу­ваа кон­тра­про­те­сти. Сле­ду­ваа де­сет по­мир­ни де­но­ви.

На 27 ја­ну­а­ри, пред со­бра­ни­ска­та рас­пра­ва, бе­ше об­ја­ве­но пис­мо пот­пи­ша­но од 460 про­фе­со­ри и аси­стен­ти од УКИМ во кое се пре­ду­пре­ду­ва де­ка пред­лог -за­ко­нот е че­кор на­пред во про­мо­ци­ја на мул­ти­ја­зич­но­ста во Ма­ке­до­ни­ја, из­ме­на на неј­зи­ни­от Устав, по­дел­ба и фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та. Се­пак, за­ко­нот бе­ше усво­ен.

Сту­ден­ти­те по­втор­но за­ка­жу­ва­ат про­тест и бој­кот на на­ста­ва­та од 17 до 21 фе­вру­а­ри. На 17 фе­вру­а­ри по­ве­ќе од ил­ја­да сред­но­школ­ци и сту­ден­ти про­те­сти­ра­ат пред Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние, Вла­да­та, Устав­ни­от суд, Ре­кто­ра­тот и Со­бра­ни­е­то. Ба­ра­ња­та на сту­ден­ти­те, кои се чув­ству­ваа из­ла­жа­ни, беа про­ши­ре­ни и на оста­вка на Вла­да­та. Од то­гаш, про­те­сти­те од ден на ден до­би­ва­ат по­го­ле­ма ма­сов­ност, а се при­дру­жу­ваа и ро­ди­те­ли, гра­ѓа­ни и уче­ни­ци од це­ла­та др­жа­ва. Врз згра­да­та на Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние се фр­лаа јај­ца, а по­тоа и ка­ме­ња, кон­зер­ви, овош­је, зе­лен­чук… ВМРО-ДПМНЕ под­не­су­ва прет­ста­вка до Устав­ни­от суд за оце­на на устав­но­ста на За­ко­нот.

След­ни­от ден, про­те­сти­раа око­лу 6.000 сред­но­школ­ци и сту­ден­ти. Па­ро­ли­те ста­ну­ваа сè по­ра­ди­кал­ни: „Со свин­ско ве по­тку­пи­ја, ко­му­ни­сти“, „Де­нес еден фа­кул­тет, утре цел уни­вер­зи­тет“, „Ние не са­ка­ме ту­ѓо, сво­е­то си го бра­ни­ме“, „Со­фи­ја се про­да­де“, „Си­те во шко­ло, Со­фи­ја во џа­ми­ја“… Но најг­лас­ни оста­наа ан­ти­ал­бан­ски­те па­ро­ли, иа­ко тие што беа по­со­чу­ва­ни ка­ко ор­га­ни­за­то­ри на про­те­сти­те се огра­ду­ва­ат од нив. „Се огра­ду­ва­ме од си­те без­о­браз­ни и ма­ло­гра­ѓан­ски од­не­су­ва­ња на сту­ден­ти­те, сред­но­школ­ци­те и на дру­ги­те гра­ѓа­ни што учес­тву­ва­ат на мир­ни­от про­тест“, из­ја­ву­ва Мир­ја­на Ки­та­нов­ска, сту­дент­ски ли­дер од Пе­да­го­шка­та ака­де­ми­ја.

По­ра­ди глу­во­ста на ин­сти­ту­ци­и­те, сту­ден­ти­те се ре­ша­ва­ат на штрајк со глад. Се по­ста­ву­ва ша­тор во пар­кот спро­ти Со­бра­ни­е­то, а сле­ду­ва­ат де­но­ви во кои на по­се­та кај сту­ден­ти­те, со гри­жа за нив­но­то здрав­је, до­а­ѓа­ат огро­мен број по­ли­ти­ча­ри, про­фе­со­ри, јав­ни лич­но­сти. Вла­ста во овие про­те­сти пре­поз­на­ва удар од опо­зи­ци­ја­та, ко­ја е над­вор од со­бра­ни­ски­те клу­пи, за ури­ва­ње на си­сте­мот; ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски по­со­чу­ва са­мо на „прин­ци­пи­ел­на под­др­шка“. Те­ма­та за ме­ѓу­на­ци­о­нал­ни­те од­но­си се вра­ќа во пар­ла­мен­тот, ка­де што пред пра­те­ни­ци­те го­во­рат и вон­пар­ла­мен­тар­ни­те пар­тии и прет­став­ни­ци на сту­ден­ти­те. Пред пар­ла­мен­тот се со­бра­ни око­лу 10.000 ли­ца, кои со оду­ше­ву­ва­ње ги че­ка­ат да из­ле­зат од со­бра­ни­ска­та згра­да.

Од след­ни­от ден нап­на­то­ста поч­ну­ва да сла­бее, за на 18 март да се ста­ви крај на про­те­сти­те. На 8 мај Устав­ни­от суд ре­ша­ва де­ка за­ко­нот за Пе­да­го­шки­от фа­кул­тет не е спро­ти­вен на Уста­вот.

 

Из­град­ба­та на пру­га­та кон Бу­га­ри­jа ке за­пре

„До­кол­ку не се обез­бе­дат средс­тва за на­та­мош­на из­град­ба на же­лез­нич­ка­та пру­га, ГП „Пе­ла­го­ни­ја“ ќе би­де при­си­ле­но да ги пре­ки­не гра­деж­ни­те актив­но­сти. Дел од из­гра­де­но­то про­па­ѓа, а не­кои на­ба­ве­ни ма­те­ри­ја­ли поч­ну­ва­ат да ста­ну­ва­ат не­у­по­треб­ли­ви“, пи­шу­ва „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ во ју­ни, во текст во кој се зак­лу­чу­ва: „очиг­лед­но, не по­стои до­вол­на за­ин­те­ре­си­ра­ност за кол­ку што е мож­но по­ско­ро за­вр­шу­ва­ње на про­е­ктот на кој уште во старт, се чи­ни, му не­до­сти­га струч­но и од­го­вор­но во­де­ње и на­со­чу­ва­ње. А со не­ма­ње­то ви­зи­ја за фи­нан­си­ска­та кон­струк­ци­ја и за­вр­шу­ва­ње­то на овој зна­ча­ен об­јект, во пра­ша­ње се до­ве­ду­ва­ат и до­се­га по­тро­ше­ни­те око­лу 90 ми­ли­о­ни до­ла­ри“.

 

Вој­на за зна­ми­ња­та во Го­сти­вар

Про­лет­та 1997 го­ди­на се слу­чу­ва­ат го­ле­ми де­мон­стра­ции и не­ми­ри во со­сед­на Ал­ба­ни­ја, ко­га бе­ше од­не­се­но це­ло­то оруж­је од ка­сар­ни­те и од те­ри­то­ри­јал­ни­те еди­ни­ци. Тоа и за ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца бе­ше знак де­ка се мож­ни пре­ле­ва­ња на не­ми­ри­те и на оруж­је­то и кон Ма­ке­до­ни­ја. АРМ бе­ше буд­на на источ­на­та гра­ни­ца, а ме­ѓу­на­род­ни­те си­ли го про­дол­жу­ва­ат ман­да­тот иа­ко тре­ба да си за­ми­нат.

Спо­ред За­ко­нот за те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба и из­бо­ри­те на кра­јот на прет­ход­на­та го­ди­на, гра­до­на­чал­ни­ци­те на Те­то­во и на Го­сти­вар, Алај­дин Де­ми­ри и Ру­фи Ос­ма­ни, про­ти­ву­став­но кре­ва­ат ал­бан­ско зна­ме пред оп­штин­ски­те згра­ди. Во гра­до­ви­те рас­те тен­зи­ја ме­ѓу гра­ѓа­ни­те, а има и нај­а­ви де­ка до­кол­ку по­ли­ци­ја­та не пре­зе­ме мер­ки, тоа ќе го на­пра­ват са­ми. Та­ква­та оп­ци­ја, пак, бу­ди опас­ност од ме­ѓу­ет­нич­ки су­дир. Сле­ду­ва­ат про­те­сти по­ра­ди од­лу­ка­та на Устав­ни­от суд, ко­ја бе­ше про­тив ко­ри­сте­ње­то стран­ски зна­ми­ња на јав­ни­те ме­ста. Ми­тин­гот ор­га­ни­зи­ран од Ос­ма­ни е на­ре­чен „Од­бра­на на ал­бан­ско­то зна­ме“, а Ос­ма­ни по­ра­чу­ва: „Ако вла­ста про­во­ци­ра конф­ликт со на­ро­дот, ќе на­сто­ју­ва­ме да не дој­де до конф­ликт“.

Во Те­то­во е фор­ми­ра­на и ДПА, ко­ја во­ве­ду­ва и уни­фор­ми­ра­ни „тех­нич­ки служ­би“, од­нос­но „ре­да­ри “во цр­ни ко­шу­ли и со ба­ре­тка на гла­ва­та.

Отка­ко во ју­ли бе­ше до­не­сен За­ко­нот за упо­тре­ба­та на др­жав­ни­те сим­бо­ли и по­тоа За­ко­нот за зна­ми­ња­та на на­ци­о­нал­но­сти­те. По­ли­ци­ја­та на 8 ју­ли поч­ну­ва ак­ци­ја за рас­чи­сту­ва­ње со ра­ции низ ноќ­ни­те ба­ро­ви во Го­сти­вар. Ова е гор­ли­во пра­ша­ње во пар­ла­мен­тот , ка­де што не бе­ше при­фа­те­на упо­тре­ба на зна­ме­то ни­ту за др­жав­ни праз­ни­ци. Во тие ус­ло­ви, спе­ци­јал­ни­те по­ли­ци­ски еди­ни­ци ги сим­наа тур­ски­те и ал­бан­ски­те зна­ми­ња од го­сти­вар­ска­та оп­шти­на. Во су­дир на по­ли­ци­ја­та со де­мон­стран­ти­те и во ха­о­сот што се соз­да­де низ гра­дот за­ги­наа трој­ца ци­ви­ли, беа про­ве­де­ни 320 де­мон­стран­ти, ме­ѓу кои и стран­ски др­жав­ја­ни, а бе­ше зап­ле­не­то го­ле­мо ко­ли­чес­тво оруж­је. Ру­фи Ос­ма­ни бе­ше уап­сен, а по­тоа осу­ден со за­твор­ска каз­на.

Во овој су­дир на по­ли­ци­ја­та со ал­бан­ско­то на­се­ле­ние мно­гу­ми­на гле­да­ат пред­вес­ник на конф­ли­ктот што се слу­чи не­кол­ку го­ди­ни по­доц­на, до­де­ка дру­ги ма­ска на вла­ста за при­кри­ва­ње на де­вал­ва­ци­ја­та на де­на­рот. Всуш­ност, тој ден де­на­рот по­е­вти­ни во од­нос на стран­ски­те ва­лу­ти за по­ве­ќе од 16 про­цен­ти. Де­вал­ва­ци­ја­та бе­ше на ба­ра­ње на ММФ.

 

Feljton9-1997-115-1

Па­дот на пи­ра­ми­дал­но­то ште­де­е

Тоа што и ден- де­нес се рас­чи­сту­ва, од­нос­но се от­ште­ту­ва­ат гра­ѓа­ни­те со од­зе­ме­ни­от имот на сопс­тве­нич­ка­та на ТАТ, Со­ња Ни­ко­лов­ска. Со про­па­ѓа­ње­то на ТАТ, ка­ко нај­го­ле­ма ште­дил­ни­ца во ни­за­та, се по­вр­зу­ва­ат сто­ти­на са­мо­у­бис­тва, пре­теж­но на би­тол­ча­ни, кои бан­кро­ти­ра­ле отка­ко го вло­жи­ле це­ли­от имот со жел­ба за бр­за за­ра­бо­тка. Се про­це­ну­ва де­ка би­ле оште­те­ни око­лу 13.000 гра­ѓа­ни за по­ве­ќе од 120 ми­ли­о­ни гер­ман­ски мар­ки. Ако ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка по па­дот на ТАТ про­ме­тот во Би­то­ла опад­нал за 70 про­цен­ти, таа пра­ви и дру­го по­вр­зу­ва­ње- пад на на­та­ли­те­тот во ре­ги­о­нот на Би­то­ла. За ТАТ низ овој фељ­тон се пре­не­се­ни ста­во­ви­те и се­ќа­ва­ња­та на по­ве­ќе учес­ни­ци во не­го. За овој број ќе пре­не­се­ме не­кол­ку исе­чо­ци од вес­ни­ци­те.

Уште во ја­ну­а­ри, ко­га на скоп­ски­те ште­дил­ни­ци „Ма­ке­до­ни­ја рек­лам“ и „Ал­фа С“ им се слу­чу­ваа ште­дач­ки про­те­сти и оп­са­ди по­ра­ди фи­нан­си­ски­от ко­лапс, „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ пи­шу­ва и за про­те­сти пред ТАТ. „Ме­ѓу­тоа, пред ТАТ про­те­сти­ра­ат не­ко­гаш­ни­те вра­бо­те­ни во сви­лар­ни­ца­та ’Илин­ден‘, кон чи­е­што име не­о­дам­на е до­да­де­но и име­то на ТАТ, ка­ко до­ми­нан­тен сопс­тве­ник на имо­тот на фа­бри­ка­та со не­што по­ве­ќе од 56 про­цен­ти од ак­ци­о­нер­ски­от ка­пи­тал… А нив­но­то не­за­до­волс­тво, иа­ко не­ма ди­рект­на вр­ска со ште­да­чи­те, ги обес­по­кои и нив, па око­лу 300 ште­да­чи во са­бо­та­та по­бр­заа на шал­те­ри­те на ТАТ да си ги по­диг­нат вло­го­ви­те. Би­деј­ќи дел од нив не ги ус­по­кои об­јас­ну­ва­ње­то што го до­би­ја де­ка бан­ка­та не рас­по­ла­га со тол­ка­ва ефе­кти­ва и де­ка ќе би­дат исп­ла­те­ни на­ред­ни­те де­но­ви, во бан­ка­та на­вра­ти­ја и де­нес, при што бе­ше за­до­во­ле­ни нив­но­то ба­ра­ње“.

Feljton9-1997-115-2

Во март, пак, Пе­тар Го­шев, об­ви­ну­ва де­ка во афе­ра­та ТАТ се вме­ша­ни кри­ми­нал­ци од вла­ста. Спо­ред не­го, нај­о­пас­ни се тен­ден­ци­и­те це­ла­та ди­скре­ди­та­ци­ја да би­де на­со­че­на про­тив На­род­на бан­ка со цел да се пре­скок­не од­го­вор­но­ста на Вла­да­та. Спо­ред не­го, вклу­чу­ва­ње­то на инс­пе­кто­ри­те од За­во­дот за пла­тен про­мет во истра­га­та око­лу пос­ле­ди­ци­те од афе­ра­та мо­же да би­де мош­не штет­но би­деј­ќи тие се под ди­рект­на над­леж­ност на Вла­да­та. За јав­но­ста тој по­со­чу­ва уште еден мо­мент, суд­ско­то уве­ре­ние де­ка Со­ња Ни­ко­лов­ска ни­ко­гаш по­ра­но не би­ла осу­ду­ва­на. До­ку­мен­тот ѝ бил по­тре­бен за пре­ре­ги­стра­ци­ја на ште­дил­ни­ца­та. Но Го­шев твр­ди де­ка Ни­ко­лов­ска ка­ко служ­бе­нич­ка на би­тол­ска­та фи­ли­ја­ла на ЈИК бан­ка би­ла осу­де­на по­ра­ди про­не­ве­ра, а по­тоа со указ на пре­тсе­да­те­лот би­ла по­ми­лу­ва­на.

„Пр­ви­те на­о­ди од ре­ви­зи­ја­та по­ка­жа­ле де­ка це­ла­та до­ку­мен­та­ци­ја е фал­си­фи­ку­ва­на“, пи­шу­ва „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ . Во ТАТ „не­ма ни­ту еден автен­ти­чен до­ку­мент, кој не е фал­си­фи­ку­ван. Са­мо де­сет про­цен­ти од до­ку­мен­та­ци­ја­та би­ле обра­бо­ту­ва­ни од кни­го­во­ди­те­лот и врз таа ос­но­ва би­ле пра­ве­ни из­ве­шта­и­те пла­си­ра­ни во НБРМ. По исти­от прин­цип би­ле под­го­тву­ва­ни и за­врш­ни­те сме­тки на ТАТ“.

Вес­ни­ци­те пре­не­су­ва­ат суд­би­ни на ште­да­чи­те, кои ве­ќе се по­де­ле­ни во два та­бо­ра, од­нос­но па­ра­лел­ни од­бо­ри. На еден од со­ста­но­ци­те на вто­ри­от од­бор, во спорт­ска­та са­ла во Би­то­ла, од две ил­ја­ди при­сут­ни се ба­ра се­којд­нев­но да про­те­сти­ра­ат пред Вла­да­та и пред пар­ла­мен­тот ре­вол­ти­ра­ни од „крај­но не­од­го­вор­но­то од­не­су­ва­ње“ на пре­ми­е­рот Цр­вен­ков­ски, кој „ви­на­та за си­те гра­бе­жи ја ба­ра во на­ив­ни­те ште­да­чи“.

„Во ог­нот на ТАТ из­го­реа и тие што нај­мал­ку има­ат мож­ност да ште­дат би­деј­ќи ед­наш ве­ќе из­го­ре­ле во др­жав­ни­те бан­ки, ко­га им оста­на­ле за­ро­бе­ни по­де­бе­ли де­виз­ни за­ште­ди. Со во­о­би­ча­е­ни­те по­твр­ди тие ре­дов­но, се­кој ме­сец, изв­ле­ку­ва­ат по 100 мар­ки од без­на­деж­но­то др­жав­но за­ро­бе­ниш­тво и ги пре­фр­ла­ат во ТАТ. Всуш­ност, во но­во ’ропс­тво’ од кое пра­ша­ње е да­ли не­ко­гаш ќе мо­жат да ги изв­ле­чат, ма­кар и во тол­ку сит­ни ту­ри од по 100 мар­ки. А ним друш­тво им пра­веа и тие што од ра­бо­та за­ми­ну­ваа ка­ко тех­но­ло­шки ви­шок, со ис­прат­ни­на од по 12 пла­ти. Си­гур­ни де­ка со нив ќе си обез­бе­дат со­лид­ни ме­сеч­ни при­хо­ди во фор­ма на ка­ма­ти сто­ти­ци тех­но­ло­шки от­пи­ша­ни ра­бот­ни­ци ис­прат­ни­ни­те ги вло­жу­ваа во ТАТ, за де­но­ви­ве се­бе­си да се ви­дат и ка­ко со­ци­јал­но от­пи­ша­ни за­ед­но со сво­и­те се­мејс­тва што ве­ќе не зна­ат ка­ко ќе ги из­др­жу­ва­ат… Ва­кви и слич­ни при­каз­ни пре­ку це­ли­от ден се рас­ка­жу­ва­ат пред про­сто­ри­и­те на до вче­ра нај­го­ле­ма­та и нај­си­гур­на ште­дил­ни­ца во на­ша­та зем­ја. Утре ќе има и но­ви, и за­ду­тре, па и во на­ред­ни­те де­но­ви“, пре­не­су­ва „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“.

„’Окто­по­дот‘ го по­тре­су­ва СДСМ“, ана­ли­зи­ра вес­ни­кот след­ни­от ме­сец пи­шу­вај­ќи за со­ста­но­кот на пар­ти­ски­от врв. „Ко­га ТАТ пре­диз­ви­ка сил­ни по­тре­си во Вла­да­та, ло­гич­но е де­ка се тре­се и во СДСМ, чи­е­што ра­ко­водс­тво му ја да­де под­др­шка­та на Цр­вен­ков­ски. Но, се­пак, ди­фе­рен­ци­ра гру­па, ко­ја под мо­то­то де­ка це­лос­на­та ак­ци­ја мо­же да би­де штет­на за пар­ти­ја­та пред но­ви из­бо­ри, всуш­ност ќе ги да­де и пр­ви­те по­се­ри­оз­ни от­по­ри… Ед­но е јас­но, кол­ку ус­пех ќе има ак­ци­ја­та за од­мо­ту­ва­ње на клоп­че­то ТАТ, тол­ку ќе би­дат сил­ни и по­зи­ци­и­те на СДСМ во пре­срет на но­ви­те из­бо­ри. А во мо­мен­тов вре­ме­то опас­но ра­бо­ти про­тив Цр­вен­ков­ски. Не­го си­гур­но го оче­ку­ва бор­ба про­тив дру­ги­те кра­ци на кри­ми­на­лот, на при­мер, не­кои кри­ми­нал­ни дејс­тва во при­ва­ти­за­ци­ја­та и слич­но. За­тоа, ве­ро­јат­но ’рас­чи­сту­ва­ње­то на сво­јот двор’ ак­ци­ја­та ве­ќе тре­ба да се во­ди на по­ве­ќе ко­ло­се­ци, од кои са­мо еден ќе би­де ТАТ“, зак­лу­чу­ва вес­ни­кот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top