
Фотографии од францускиот претседател Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје во паркот на Елисејската палата објави денеска неделникот „Воаси“.
Според медиумот, фотографиите се направени во октомври.
Нивната наводна врска беше откриена пред речиси една година и поради тоа „пукна“ врската на Оланд со новинарката Валери Триервилер.
Уредничката на Воаси, Марион Алембер, Жули Гаје се „чувствува како дома“ додека е во Елисејската палата.
– Таа таму често ги поминувала ноќите и викендите – наведува Алембер.
Медиумот додава во извештајот дека Жули Гаје е „речиси официјална прва дама на Франција“.
Триервилер по прекинувањето на врската со Оланд ја објави книгата „Благодарам за моментот“, во која ги опишува годините поминати со Оланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


