По повод четири века од смртта на големиот сликар Ел Греко, грчката пошта ги пуштила во употреба марките „Полагање на Христос го гроб“, музејот Прадо прави изложба на библиотеката на уметникот, а во Толедо се одржуваат многубројни манифестации.
Оваа година се навршуваат четири века од смртта на Ел Греко (1541-1614) кој Пабло Пикасо го нарече сликар на душата.
Иако бил роден на Крит, најголем дел од својот живот минал во Толедо, Шпанија, па заради тоа се смета за шпански сликар, но и за голем мајстор на европското сликарство.
Њујоршкиот музеј „Метрополитен“ смртта на Ел Греко ја одбележува со изложба „Ел Греко во Њујорк“, а националната галерија на уметноста во Вашинготн со изложба „Ел Греко: 400-годишница“.
Американските музеи имаат голем број дела на Ел Греко благодарејќи на богатите американски колекционери.
Во Толедо преку низа манифестации се слави Ел Греко – изложби, симпозиуми, концерти. Во Музејот „Санта Круз“ има изложба која ќе трае до 9 декември и на која се поставени слики работени во работилница во Толедо. Сликани се со четкички кои ги сам ги изработел Ел Греко или неговите ученици.
Ел Греко бил многу учен и образовен. Неговата библиотека ја сочинуваат дела на големите грчки автори на грчки јазик, многу книги на латински, како и на италијански и шпански. Дел од неговата библиотека се и поезијата на Петрарка, Библијата на грчки и други дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.