| четврток, 6 декември 2018 |

Гоце Илиевски изложува во КИЦ

Во Културно-информативен центар – Скопје, во изложбениот салон – Империјал 2, поставени се дела од ликовниот уметник Гоце Илиевски.

Илиевски е роден во Скопје 1988 год. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со насока конзервација, во класата на проф. Жанета Вангели. Реализирал 10 самостојни изложби, осум во Македонија и две во Австрија. Учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии во земјава и странство. Добитник е на наградите „Златна четка“, „Лазар Личеноски“ и откупна награда на општина Карпош на конкурсот за акварел.

На изложбата ќе бидат изложени дела работени во техника масло, создадени последниве години. Изложбата ќе биде отворена до 30 ноември 2014 година.

    

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top