| четврток, 6 декември 2018 |

Снежното невреме го урна рекордот во САД во паднат снег во еден ден

sneg sad 4

Повеќе од 1,5 метар снег падна за два дена во предградието на градот Бафало во државата Њујорк, чијшто гувернер изјави дека станува збор за историска временска непогода.

Од последиците на снежното невреме во државата Њујорк загинаа седум луѓе.

sneg sad1

Во меѓувреме, се очекува да падне уште еден метар снег. Ниската температура ќе се задржат во поголемиот дел на САД, а во многу делови е отежнат сообраќајот поради што некои возачи биле заглавени во автомобилите повеќе од еден ден.

sneg sad2

Во некои делови на САД се затворени и училиштата, а на терен во најпогодените делови се испратени и припадници на националната гарда. Националниот центар за временска прогноза објави дека на некои места во САД е урнат рекордот во паднато количество снег во еден ден, кој досега изнесуваше 1,95 метар.

sneg sad3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top