
Федерацијата на фармерите од Македонија денес во Битола беше домаќин и организатор на Интернационалната конференција „Развој и промовирање на иновациите и претприемништвото во секторите растително и сточарско производство“ со што воедно беше завршен проектот „Агро-старт“.
Претседателот на ФФРМ Никола Стаменов посочи дека фармерите од регионот настапуваат заеднички затоа што имаат заеднички проблеми.
– Иновациите и новитетите во технологиите се потребни за земјоделците и земјоделските компании заеднички да се справуваат со проблемите и предизвиците. Наш проблем е пласманот на производите и нивната цена, законска неусогласност, недоволна инволвираност на младите, едукација и други проблеми. Во иднина ќе продолжиме со јакнење на земјоделското претприемништво, развивање и употреба на новите технологии – истакна Стаменов.
Според битолскиот градоначалник Владимир Талески овој тип на проекти треба да предизивика посебен интерес кај младите луѓе претприемачи во секторите растително и сточарско производство.
– Овој проект преку својата транснационална мрежа овозможува поврзување на регионот, на 12 европски држави кои помогнати од ЕУ ќе најдат начин за понатамошна соработка и проширување на вакви проекти. Искуствата на различните држави овозможуваат компарирање и донесување на важни заклучоци кои се значајни и за младите луѓе чиј интерес и едукација треба да се поврзани и со земјоделството бидејќи нашата држава има исклучителни потенцијали, а не стопроцентно искористени – нагласи Талески.
На завршната интернационална конференција беше промовирана публикацијата Водич на добри практики, збирка на добри практики од сите партнери-учесници во проектот за која говореше Адолфо Колаџовани, универзитетски професор од Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности


