| четврток, 6 декември 2018 |

Чех ќе застане меѓу стативите на Арсенал

Лидерите на Арсенал и на Челси постигнале начелен договор за голманот на „сините“, Петр Чех, да премине во редовите на „топчиите“, пренесува „Би-Би-Си“.

Трансферот би можел да биде реализиран во јануарскиот преоден рок. 32-годишниот чешки репрезентативец е незадоволен од својот статус во Челси и неколку пати кажа дека не е исклучена можноста да си замине од „Стемфрод бриџ“.

Чех десет години е член на Челси, по пристигнувањето во Лондон во 2004 година од француски Рен.

Сезонава прв избор на Жозе Мурињо на голот на Челси е белгискиот репрезентативец Тибо Куртоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top