Шпанскиот тенисер Рафаел Надал оцени дека Новак Ѓоковиќ со своите квалитети го заслужува првото место на листата на АТП.
Најдобриот српски тенисер, кој го освои завршниот мастерс-турнир во Лондон, заврши прв на листата по третпат во четири години.
– Новак е фантастичен тенисер. Го заслужува првото место и поради фактот што долго време немал никаква повреда, а тоа е од големо значење за еден тенисер – изјави Надал.
Шпанскиот тенисер, кој го пропушти завршниот турнир во Лондон поради операција на слепото црево, се надева дека следната сезона повредите ќе останат зад него.
– Ова не беше лесна година, особено втората половина, но тоа е дел од мојот живот и мојата кариера, и го прифатив тоа како такво – вели Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


