Протокот на вода во реката Вардар утрово во 7:30 часот, според Центарот за управување со кризи, бил 205,23 метри кубни вода во секунда, што е трипати над просекот.
– Вчера тој бил 120, а завчера само 67 метри кубни вода во секунда. Споредено со просекот за овој месец кој изнесува 65 метри кубни вода во секунда, утрово водата во Вардар била повеќе од три пати зголемена што може да предизвика загриженост од излевање на реката, ако продолжат врнежите од дожд. Но, сепак место за паника нема ако се преземат сите превентивни мерки, посочува Блажо Донев од Центарот за справување со кризи во Велес.
Во изјава за МИА, Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес, состојбата со водостојот на реката Вардар се следи континуирано и се превземаат превентивни мерки да не дојде до излевање на реката.
– Воедно доколку се јави потреба, веднаш ќе биде активирана механизација за отстранување на дрвата и другите отпадни материјали кои би предизвикале опасност по мостовите. Посебно се следи состојбата на мостот на Вардар кај Башино село, на влезот во Велес, каде често при обилни врнежи интервенираме поради наносот на гранки и друг отпад кои
претставувата опасност по носечките столбови на мостот, вели Мајсторов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


