Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе ја промовира книгата „Со мене во мене“ од Виктор Јакимовски, добитник на наградата за најдобра дебитантска книга „Лесновски ѕвона“ за 2014 година. За наградената книга ќе говори Марина Мијаковска а стихови ќе интерперетира актерот Томе Витанов.Промоцијата ќе се одржи на 20 ноември (четврток) 2014 година во просториите на Библиотеката, со почеток во 19.00 часот.
Дебитантската книга на Виктор Јакимовски Со мене во мене донесува педесетина песни, теметски поврзани и синтетезирани во својата единствена порака – да се испеат миговите на љубовта, сеќавањата и постоењето. Овие филозовски дилеми поетскиот свет на дебитантот Јакимовски го оформуваат како една успешна целина, жестоко лично преиспитување и возвишување на доживеаната песна. Виктор Јакимовски студира новинарство на Правниот факултет „Јустијан Први“ во Скопје. Објавувал песни во списанието за книжевност и култура АКТ.
Наградата „Лесновски ѕвона“ се доделува на истоимената книжевна манифестација која секоја годна се одружува во Кратово, во чест на големиот македонски поет Чедо Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.