| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот ја парализира американската држава Њујорк (фото)

0000089178-middle

Силни снежни врнежи парализирале многу региони во северниот дел на американската држава Њујорк. Најмалку четири лица загинале во градот Бафало, а стотици автомобили се блокирани во градот и на патиштата.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо прогласи вонредна состојба за 10 окрузи на државата. Националната гарда му помага на населението. На многу места во западен Њујорк се очекуваат од 0,9 до 1,2 метри снег, а за други места има предвидувања за 1,8 метри снег.

Невообичаениот студен бран за средината на ноември ја зафати речиси целата територија на САД , а просечната температура во земјата е најниска за ноември од 1976 година, јавуваат локалните метеоролози.

Дури на Хавајските острови се измерени 0 степени целзиусови, а на хавајски заспаниот вулкан Мауна Кеа е регистрирана температура од минус 1 степен Целзиусови.

0000089169-middle

0000089174-middle

0000089180-middle

0000089182-middle

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top