Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска беше промовирано изданието „Запознавање со минатото, археологија за деца“ на Анета Фиданоска кое низ впечатливата раскажувачка способност на авторката и низ прекрасните илустрации, не враќа многу години наназад, во почетоците на човештвото, во праисторијата, антиката, средниот век.
-Низ дванаесетте теми на оваа книга, сите ние имаме можност да се запознаеме со животот во минатото, да бидеме современици на нашите предци, да дознаеме малку повеќе за нивните навики, верувања, обичаи. Ова издание ги расветлува мистичните длабочини на нашата историја, во кои се пронајдени бројни артефакти, бројни материјални траги и докази кои говорат за цивилизациите кои опстојувале на нашето тло. Навистина радува укажаната можност, преку оваа книга децата да се запознаат со Големата Мајка од Тумба- Маџари, со наколната населба Заливотна Коските кај Градиште, со златната маска и златните предмети одГорна Порта, со мозаиците од Хераклеја, крстилницата од Стоби, Турската бања – Даут Пашин Амам и многу други наоди кои не прават горди на нашата култура и минато, рече министерката Елизабета Канческа-Милевска.
Археолошкиот музеј на Македонија своето прво публикувано издание им го посвети токму на децата. Книгата „Запознавање со минатото“ јасно говори дека децата се најдобредојдени посетители во Археолошкиот музеј на Македонија.
Децата кои во голем број присуствуваа на оваа промоција ги поздрави директорката на Музејот, Весела Честоева и авторката Анета Фиданоска, а беше презентиран и видео материјал со едукативна содржина каде токму најмалите говореа за археолошки поими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски


