| четврток, 6 декември 2018 |

Румена Бужаровска: Не сакам роман по секоја цена

Де­фи­ни­тив­но, има по­го­ле­ма ро­до­ва рам­но­прав­ност во по­ле­то на кни­жев­но­ста во пос­лед­но вре­ме,со по­ја­ва­та на но­ва­та ге­не­ра­ци­ја моќ­ни и ква­ли­тет­ни автор­ки, чие при­сус­тво е сѐ по­за­бе­ле­жи­тел­но. Но, тој тренд мо­же да згас­не до­кол­ку уло­га­та наже­на­та во оп­штес­тво­то, а не са­мо во се­мејс­тво­то ка­ко со­пру­га и мај­ка, не се сти­му­ли­ра и до­кол­ку не се пот­тик­ну­ва­ат кре­а­тив­но­ста и љу­бо­пит­но­ста кај де­вој­чи­ња­та уште во нив­ни­от раз­вој, ве­ли Бу­жа­ров­ска

Rumena4

Ру­ме­на Бу­жа­ров­ска е пи­са­тел­ка од пом­ла­да­та ге­не­ра­ци­ја. Утре во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 20 часот „Блесок“ организира про­мо­ци­ја на неј­зи­на­та но­ва кни­га рас­ка­зи „Мо­јот маж“, тре­та по ред, по „Чкр­тки“ и по „Ос­ми­ца“. За про­мо­ци­ја­та на „Мо­јот маж“ таа ги за­мо­ли чи­та­те­ли­те да рас­ка­жат не­што за сво­јот парт­нер. Таа е ед­на од ре­тки­те мла­ди пи­са­тел­ки што го­во­рат за акту­ел­ни со­стој­би, ка­ко што е слу­чај и пос­лед­на­та кни­га рас­ка­зи.

Ра­бо­ти ка­ко до­цент на Ка­те­дра­та за анг­ли­ски ја­зик и кни­жев­ност при Фи­ло­ло­шки­от фа­кул­тет „Бла­же Ко­не­ски“ во Скоп­је, а се за­ни­ма­ва и со кни­же­вен пре­вод.

Про­мо­ци­ја­та на Ва­ша­та но­ва кни­га рас­ка­зи „Мо­јот маж“ е нај­а­ве­на за 19 но­ем­ври. Ги за­мо­ли­вте чи­та­те­ли­те да рас­ка­жат не­што за сво­јот парт­нер, не­што ин­тим­но и ин­те­рес­но, и пла­ни­ра­те во фо­ку­сот на про­мо­ци­ја­та да би­дат нив­ни­те при­каз­ни. До­би­ва­те ли по­ра­ки сопри­каз­ни кои ќе учес­тву­ва­ат во про­мо­ци­ја­та? Рас­по­ло­же­ни ли се чи­та­те­ли­те да про­ник­нат во се­бе и да ги спо­де­лат сво­и­те раз­мис­лу­ва­ња за се­бе и за сво­јот маж?

БУ­ЖА­РОВ­СКА: При­јат­но ме из­не­на­ди ин­те­ре­сот на чи­та­те­ли­те за оваа те­ма. Уште пр­ви­от ден до­бив не­кол­ку при­каз­ни, а со вре­ме се на­со­браа по­го­лем број. Ка­ко што се до­го­во­рив­ме, си­те авто­ри ќе оста­нат ано­ним­ни, а при­каз­ни­те ќе ги про­е­кти­ра­ме во те­кот на про­мо­ци­ја­та. Ме во­о­ду­ше­ви тоа што ре­чи­си си­те при­каз­ни се мно­гу до­бро на­пи­ша­ни – сли­ко­ви­ти се, суп­тил­ни, ве­што рас­ка­жа­ни. Иа­ко си­те не се на иста те­ма, се­кој автор за­зе­ма раз­ли­чен став и при­стап. Та­ка, не­кои при­каз­ни се мно­гу ин­тим­ни, не­кои се гнев­ни, не­кои љу­бов­ни, не­кои ху­мо­ри­стич­ни, не­кои кри­тич­ки на­стро­е­ни. Ме­ѓу авто­ри­те се ја­ву­ва­ат и ма­жи, што при­до­не­се за раз­но­вид­ност на тек­сто­ви­те.

Во „Мо­јот маж“ се­кој рас­каз е при­каз­на од не­чиј жи­вот, на же­на чиј со­пруг е по­ет, вдо­ви­ца, љу­бов­ни­ца, мај­ка…а во си­те рас­ка­зи има на­ра­тор­ка ко­ја збо­ру­ва за сво­јот маж, но,всуш­ност, таа збо­ру­ва за се­бе. Зо­што го са­ка­те рас­ка­жу­ва­ње­то во пр­во ли­це?

Rumena3

БУ­ЖА­РОВ­СКА: Ко­га се рас­ка­жу­ва во пр­во ли­це, на­ра­то­рот е суб­је­кти­вен, та­ка што чи­та­те­лот не знае да­ли да му ве­ру­ва или не. Ток­му таа не­ста­бил­на по­зи­ци­ја ме при­ма­му­ва би­деј­ќи чи­та­те­ли­те са­ми тре­ба да изв­ле­чат зак­лу­чок за ве­ро­до­стој­но­ста на при­каз­на­та, су­деј­ќи спо­ред иска­зи­те на на­ра­то­рот, мо­ти­ви­ра­но­ста да ја рас­ка­же при­каз­на­та на та­ков на­чин, ка­ко и спо­ред ре­ак­ци­и­те на дру­ги­те ли­ко­ви на тоа што го опи­шу­ва на­ра­то­рот. Ту­ка има и мно­гу пре­мол­чу­ва­ња на кои са­ми­от чи­та­тел тре­ба да им да­де глас. Та­кви­те пре­мол­чу­ва­ња се че­сти кај на­ра­тор­ки­те во „Мо­јот маж“. Не­ко­гаш тие се ре­зул­тат на ви­на­та што на­ра­тор­ка­та ја чув­ству­ва би­деј­ќи,спо­ред ли­це­мер­ни­те стан­дар­ди на оп­штес­тво­то, таа е на из­ве­сен на­чин „не­по­доб­на“: мо­же да не е до­бра мај­ка, да е љу­бов­ни­ца, лез­биј­ка, да не го са­ка со­пру­гот, да е ста­ра и ка­ко та­ква ве­ќе да не е „ко­рис­на“. Со по­мош на иро­ни­ја­та, од дру­га стра­на, се слу­чу­ва и сом­ни­тел­ни­те ста­во­ви (шо­ви­ни­стич­ки или на­ци­о­на­ли­стич­ки, на при­мер) на на­ра­тор­ки­те и на нив­ни­те со­пру­зи да се пред­мет на остра кри­ти­ка.

„Мо­јот маж“ е во про­даж­ба две не­де­ли. Ка­кви се Ва­ши­те впе­ча­то­ци, што ве­лат чи­та­те­ли­те? Кој рас­каз најм­но­гу им оста­вил впе­ча­ток?

БУ­ЖА­РОВ­СКА: За­се­га сум за­до­вол­на одпри­е­мот на кни­га­та, но не мо­жам да би­дам си­гур­на сѐ до­де­ка не се по­ја­ват и офи­ци­јал­ни кри­ти­ки. Ме ра­ду­ва ша­ре­ни­ло­то на впе­ча­то­ци кај чи­та­те­ли­те: на ед­ниим се до­па­ѓа­ат по­кра­тки­те рас­ка­зи кои има­ат по­лес­на и по­ху­мо­ри­стич­на ат­мо­сфе­ра, ка­ко, на при­мер, „Не­ктар“, а на дру­ги рас­ка­зи­те што се со по­мач­на те­ма­ти­ка, ка­ко „Ли­ле“ и „Су­па“.

179-Rumena-Buzarovska---Mojot-maz-v2-krivi

До­а­ѓа ли ера­та на пи­са­тел­ки­те? 

БУ­ЖА­РОВ­СКА: Би са­ка­ла да ре­чам де­ка до­а­ѓа. Но, не знам да­ли е та­ка. Де­фи­ни­тив­но, има по­го­ле­ма ро­до­ва рам­но­прав­ност во по­ле­то на кни­жев­но­ста во пос­лед­но вре­ме, со по­ја­ва­та на но­ва ге­не­ра­ци­ја моќ­ни и ква­ли­тет­ни автор­ки чие при­сус­тво е сѐ по­за­бе­ле­жи­тел­но и на по­ет­ски­те и на проз­ни­те чи­та­ња. Но, тој тренд мо­же да згас­не до­кол­ку уло­га­та не же­на­та во оп­штес­тво­то, а не са­мо во се­мејс­тво­то ка­ко со­пру­га и мај­ка, не се сти­му­ли­ра и до­кол­ку не се пот­тик­ну­ва­ат кре­а­тив­но­ста и љу­бо­пит­но­ста кај де­вој­чи­ња­та уште во нив­ни­от раз­вој. Та­ков тип про­грес се по­стиг­ну­ва пре­ку дол­го­роч­ни по­ли­тич­ки и оп­штес­тве­ни про­ме­ни, а не пре­ку отво­ра­ње клу­бо­ви на пи­са­тел­ки, ка­ко тој на Друш­тво­то на пи­са­те­ли­те на Ма­ке­до­ни­ја, кои мо­жат да има­ат обра­тен ефект и да при­до­не­сат са­мо кон од­во­ју­ва­ње на „ма­шка­та“ од „жен­ска­та“ ли­те­ра­ту­ра и прет­ста­ву­ва­ње на пис­мо­то на пи­са­тел­ки­те ка­ко не­што по­мал­ку вред­но.

„Мо­јот маж“ е Ва­ша тре­та збир­ка рас­ка­зи ко­ја из­ле­гу­ва во пе­чат. Освен рас­ка­зи, да­ли се од­ва­жу­ва­те да пи­шу­ва­те и дру­ги кни­жев­ни фор­ми? Да­ли след­но­то е,мо­же­би,ро­ман?

БУ­ЖА­РОВ­СКА: Уште ко­га ја об­ја­вив пр­ва­та збир­ка рас­ка­зи поч­наа при­ти­со­ци­те де­ка тре­ба да на­пи­шам ро­ман. Се­га за­се­га пи­шу­вам са­мо рас­ка­зи. Не знам да­ли не­ко­гаш ќе на­пи­шам ро­ман – не са­кам да го на­пра­вам тоа за­тоа што та­ка „тре­ба“.

Ко­га сме ве­ќе кај ма­жи­те и кај же­ни­те, ка­ков е Ва­ши­от став во од­нос на жен­ски­те пре­зи­ми­ња во Ма­ке­до­ни­ја? Сѐ по­че­сто се збо­ру­ва за тоа де­ка жен­ски­тепре­зи­ми­ња тре­ба да за­вр­шу­ва­ат на -ва, -вска или -ска, но има и по­и­на­кви при­ме­ри, ко­га тие за­вр­шу­ва­ат во ма­шка фор­ма.

БУ­ЖА­РОВ­СКА: Јас сумпро­тив тој тренд и ми­ло ми е што сѐ по­че­сто кри­тич­ки се раз­мис­лу­ва на таа те­ма. Пре­зе­ма­ње­то на пре­зи­ме­то на со­пру­гот са­мо по се­бе е чин кој ја ома­ло­ва­жу­ва со­пру­га­та, ме­ну­вај­ќи ѝ го иден­ти­те­тот. Уште по­ло­шо е ко­га, зго­ра на тоа, ќе се за­др­жи и ма­шка­та фор­ма на пре­зи­ме­то, со што ду­ри се гу­би и ро­до­ви­от иден­ти­тет на же­на­та. Исто­то се од­не­су­ва и на ро­ди­те­ли­те што на ќер­ки­те им го да­ва­ат та­тко­во­то пре­зи­ме во ма­шка фор­ма. По­крај тоа, та­кви­от тренд не е то­чен и гра­ма­тич­ки. Мис­лам де­ка таа мо­да по­тек­ну­ва од на­ши­от комп­лекс на на­ци­о­нал­на ин­фе­ри­ор­ност, па по­си­фи­сти­ци­ра­но ни зву­чи не­што што е стран­ско или, пак, се оби­ду­ва­ме да би­де­ме ус­луж­ли­ви и да им олес­ни­ме на стран­ци­те ду­ри и во из­го­во­рот на на­ше­то име – бо­жем тол­ку мно­гу се збу­ну­ва­ле стран­ци­те ко­га ќе ви­де­ле пре­зи­ме што за­вр­шу­ва на –а. Не мис­лам де­ка тоа тре­ба да се за­бра­ни, но сме­там де­ка е до­бро да се кри­ти­ку­ва по­мо­дарс­тво­то, па ми­ло ми е што за­др­жу­ва­ње­то на жен­ско­то пре­зи­ме во жен­ски род ќе вле­зе ка­ко пре­по­ра­ка во но­ви­от Пра­во­пис на ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Ро­до­ва­та раз­лич­ност во пре­зи­ми­ња­та тре­ба да ја гле­да­ме ка­ко бо­гат­ство, а не ка­ко ја­зи­чен и кул­ту­рен то­вар.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Бо­ро Ру­диќ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top