Дербито на металците во Јадранската лига им припадна на гостите од Ваљево, а МЗТ Скопје го претрпе шестиот пораз во осмата рунда. Металац Ваљево славеше вечерва во населбата Аеродром со 64-58, во скромна кошаркарска претсава на два тима од дното на табелата во АБА лигата.
Гостите беа порасположени и со победа си заминуваат од Скопја, а кризата во која се наоѓа македонскиот шампион само се продлабочува. МЗТ Скопје во серија игра слабо, а и вечерва кошаркарите од Аеродром не ја минаа границата од 60 поени, што им донесе нов пораз.
Само тројца домашни кошаркари вечерва ја мина аграницата од 10 поени, а најефикасен беше Суад Шеховиќ со 16 поени. Вториот повратник во тимот Дамјан Стојановски забележа 13 поени, а до дванаесетката стаса Цветковиќ.
Кај гостите најрасположен беше Малеѓевиќ со 23 поени, најмногу на мечот. Јефтовиќ беше одличен под обрачите со 13 поени и 6 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



