Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард добила смртни закани преку Фејсбук поради нејзината изјава дека богатите Грци не плаќаат данок, јави АНА-МПА.
Грчкиот Врховен суд почна истрага со цел да го открие изворот на заканите, што ги добила Лагард во септември, по нејзиното интервју за „Фајненшл тајмс“.
Лагард испратла писмо до грчкиот министер за правда Хараламбос Атанасиу во кое го известила за смртните закани на Фејсбук. Таа, исто така, добила и заканувачко писмо поради кое ММФ ги засили безбедносните мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


