Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во интервју за германски весник ја исклучи можноста Грција да излезе од еврозоната, а вината за кризата во земјата им ја припиша на грчките влади и на самите граѓани, кои дозволиле да бидат направени сите тие грешки, јавуваат грчките медиуми.
– Новата грчка Влада треба да биде прифатена пријателски. Грците мислат дека не се виновни за проблемите на нивната земја, но ниту Германците, ниту Холанѓаните не гласаа за ПАСОК и Нова демократија во изминатите 40 години. И Грците имаат вина, која не можат да ја негираат- нагласи Јункер.
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека веројатноста за излегување на Грција од еврозоната воопшто не е предмет на расправа.
– Она за што се дискутира е како да имаме доверба едни во други за да чекориме напред. Важно е грчката економија во рамките на еден комплексен план да може да стане посилна и поефикаснка и да биде создадена можност за отварање работни места – истакна Лагард
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!