Во текот на вчерашниот ден во с. Кондово, Г.Р.(24) со уште две засега непознати лица, најпрво физички го нападнале Е.Р.(26), инаку негов поранешен баџанак, а потоа со употреба на сила и закана насилно го внеле во возило.
Тие почнале физички да го малтретираат и да му се закануваат по неговиот живот. По кратко време го оставиле во с. Глумово, повторно заканувајќи му се по неговиот живот и животот на неговото семејство, по што го напуштиле местото на настанот.
По преземени мерки Г.Р. е пронајден и приведен, со истиот е извршен разговор, се работи на утврдување на идентитетот и на останатите две лица, како и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.