| четврток, 6 декември 2018 |

Варди откри дека добива смртни закани поради отказот на Раниери

vardi i ranieri

Англискиот репрезентативец, Џејми Варди е далеку од формата во која играше во минатата сезона, но тој и целата екипа на Лестер се подигна на повисоко ниво, откако клубот го напушти Клаудио Раниери.

Човекот кој им ја донесе историската титула на „лисиците“ доби отказ, а медиумите како и навивачите како виновници за тоа ги посочија играчите или една група во која беше токму и Варди.

Напаѓачот вели оти работата дошла дотаму да добива смртни закани, но и да има напади на неговото семејство.

– Има многу лажни обвинувања, тоа се работи за кои ние ништо не можеме да направиме. Кога се појавија во весниците, ние моравме да ги средиме мислите и да се фокусираме на фудбалот. Прочитав една приказна која наводно се случила по средбата со Севилја. Во истата се вели дека јас лично сум бил вклучен во состанок кога јас всушност чекав три часа за анти-допинг контрола. Неколку новинари чекаа да им дадам интервју -вели Варди кој притоа зборуваше и за нападите врз неговата сопруга Ребека.

– Потоа кога приказната е надвор, луѓето ја читаат и веднаш скокаат и добивате смртни закани за вашата фамилија, децата, буквално се, на социјалните медиуми, одејќи по улица. Да бидам искрен ги добивам секој ден. Фудбалските фанови не ме сакаат, јас сум навредувам на секој стадион на кој ќе се појавам. Јас се навикнувам на тоа, ама кога луѓето се обидуваат да и го пресекуваат патот на мојата сопруга со децата во кола, тоа не е во ред, навистина е застрашувачки. Ако нема камери, можете тешко да настрадате -истакнал Варди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top