Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по четврти пат ја освојува наградата „Златен компир“.
Наградата му се доделува на тенисерот што во текот на годината добил најмногу сетови со резултат 6:0, а Ѓоковиќ за еден повеќе беше подобар од Давид Ферер.
Наградата „Златен компир“ се доделува од 2004 година, Ѓоковиќ е рекордер со четири титули, Рафа Надал трипати ја освојувал наградата, а двапати таа му припаднала на Роџер Федерер, по еднаш ја освојувале Гилјермо Корија, Давид Ферер и Робин Содерлинг.
Рекордот за најмногу освоени сетови во една година го држи Роџер Федерер, Швајцарецот во 2006 година 18 пати освоил сет без да загуби гем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.