Срцевите удари косат и во спортот, а нова жртва е 21-годишниот шпански фудбалер Раул Асенсио. Играчот на нисколигашот Сан Андрес неочекувано падна на теренот, а не помогна ниту брзата интервенција на лекарскиот тим.
Од клубот изјавија дека Асенсио ги минал сите предвидени медицински прегледи и дека претходно никогаш немал проблеми со срцето. За да биде трагедијата уште поголема, Асенсио во првиот дел од натпреварот со Пердигере не покажувал никакви знаци на замор, ниту дека има проблеми, дури и постигнал гол за својата екипа. Но, подоцна во текот на второто полувреме одеднаш паднал на теренот, а лекарите биле немоќни да му помогнат.
Викендов во Шпанија 16-годишна кошаркарка почина на сличен начин на терен, а сè повеќе има вакви трагични случаи во фудбалот, кошарката и во другите спортови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето