Играчите на РК Вардар Игор Карачиќ и Арпад Штербик се најдоа во изборот за најдобар состав на колото, односно најдобра одбрана. „Моторот“ „на црвено-црните“, хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ, сосема заслужено се најде во идеалниот состав од седум играчи. Тој беше стрелец на осум гола во дербито од петтото коло против Веспрем, кое сепак Вардар го загуби минимално со 24-23 на домашен терен.
Првиот голман на вардарци, најголемото засилување во летниот преден рок, Арпад Штербик, се најде на листата за најдобри пет одбрани, а неговата одбрана во која му фати жива топка на Цајц при обидот за лоб, според изборот на ЕХФ ТВ, се најде на третото место.
За најубав гол е прогласен акробатскиот потфат на Томас Могесен од Фленсбург.
За најдобра одбрана е прогласена таа на голманот на Веспрем, Роланд Миклер, кој успеа да го одбрани пеналот на Матијаж Брумен при резултат 23-22 за Вардар и по кој Унгарците со два гола во финишот успеаја да дојдат до победа.
Најдобрите пет одбрани може да ги видите на следниот линк.
Идеален состав во петтото коло од Лигата на шампионите:
Лево крило: Олег Скопинцев (Мотор Запорожје)
Лев бек: Никола Манојловиќ (Мешков Брест)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Холгер Гландорф (Фленсбург)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
Пивот: Камил Сипжак (Висла)
Голман: Венсан Жерар (Данкерк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.