Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, овој пат без борба го освои завршниот мастерс во Лондон бидејќи другиот финалист, Швајцарецот Роџер Федерер, го предаде мечо поради повредат.
Финалето беше закажано во арената „О2“ од 19 часот, но Федерер бил принуден да се повлече поради болки во грбот.
Ѓоковиќ изјави дека е среќен поради тоа што ја одбрани титулата по трет пат во низа, но дека не сакал на ваков начин.
– Нормално дека ова не е начинот на кој сакав да го освојам трофејот. Секако дека тоа не го сакаше ни Роџер бидејќи верувам дека доколку беше подготвен, ќе излезеше на терен – изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер додаде дека му е жал и за публиката во арената „О2“.
– Ова требаше да биде финале на најдобрите двајца тенисери во светот, првпат нема да биде одиграно и многу ми е жал поради тоа. Јас имав многу успешна сезона, овде веќе три години сум непоразен. Ова ја круниса сезоната, јас и мојот тим сме задоволни од тоа што го постигнавме – вели Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.