| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Велика Британија мора да остане во ЕУ

меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел инсистира дека Велика Британија мора да остане во ЕУ бидејќи е „важна порта кон светот за европските нации“.

Иако Меркел претходно го предупреди британскиот премиер Дејвид Камерон дека се „приближува кон точка од која нема враќање“, таа денеска нагласи дека Британија има значајно место во Унијата и ќе направи сè што е во нејзина моќ за да остане членка.

– Што и да направат Британците е нешто за што мораат сами да донесат одлука и тие сигурно нема да ги слушаат другите што ќе кажат за тоа. Но за нас е најважно да ја имаме Велика Британија во ЕУ, бидејќи тоа е земја што е отворена кон другиот дел на светот – изјави германската канцеларка во Сиднеј, по нејзиното учество на самитот на Г-20 во Бризбејн.

Бртанскиот премиер им вети на граѓаните дека доколку неговите конзервативци победат на следните избори во 2015 година, ќе организира референдум за членството на земјата во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top