Во петтото коло од ракометната Лига на шампиони РК Вардар загуби на домашен терен до гигантот Веспрем со 23-24.
Во натпревар во кој одбраната го доби натпреварот гостите во текот на целиот натпревар играа на една карта, да си отидат од Скопје непоразени, во што успеаја.
Гранитната одбрана на Веспрем го доби мечот и со тоа докажаа дека оваа година се едни од најсеризните кандидати за освојување на тронот оваа сезона.
Сепак „црвено-црните“ иако го бркаа резултатот во текот на првото полувреме (11-13) во текот на вториот дел помогната од вулканот кој го направија Комитите и сите навивачи во салата вардарци поведоа со два гола разлика (21-19) на 5 минути до крајот. Победата можеше заслужено да ја добие и Вардар, но денеска фантастичниот на голот Роланд со своите 13 одбрани му одбрани пенал на Матијаж Брумен на само две минути до крајот при резултат 23-22.
Тоа го искристија гостите и преку брз контра напад реализираа за израмнување.
Во самиот финиш вистинска драма. Вардар можеше да постигне гол во поледните 40 секунди од натпреварот и да се радува на победата и првото место во групата.
Брзоплето реагираа и топката ја пресече Гарсија Угалде кој тргна сам во контра напад. Брумен го спречи со прекршок со што судиите од Исланд Елиасон и Палсон оправдано досудија пенал на 12 секунди до крајот.
Сигурен реализатор беше српскиот интернационалец Момир Илиќ кој денеска даде шест гола.
Во оваа победа Веспрем е екипата која има максимален ефект во Лигата на шампионите со пет победи.
Вардар останува на второто место со седум бода, но сега само бод предност пред Рајн-Некар кој ова коло беше поуспешен од Целје.
Игор Карачиќ одигра фантастичен натпревар постигнувајќи осум гола и беше нерешлива енигма за целата одбрана на Веспрем. Дибиров беше стрелец на четири, а Тоскиќ и Брумен реалзиираа по трипати.
Ова е прв пораз на Вардар по пет натпревари во овогодишеното издание од Лигата на шампионите и со сигурни чекори оди до место кое води во следната рунда.
Следното коло Вардар го игра возвратниот дуел против Веспрем, во Унгарија.
Шансите за второто место остануваат варрадци најавија дека однапред не се предаваат реваншот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


