| четврток, 6 декември 2018 |

ДР Конго прогласи крај на еболата во земјата

Властите на ДР Конго прогласија крај на епидемијата на ебола во земјата, која однесе десетици животи оваа година, изјави министерот за здравство на ДР Конго Феликс Кабанге Нумби.

Во ДР Конго од почетокот на годината од ебола починаа 49 лица, вклучувајќи осум здравствени работници, откако епидемијата избувна во август во северозападната провинција Екваторијал.

Случаите не се поврзани со тие во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.

Хеморагичната треска по првпат е откриена во ДР Конго во 1976 година и оттогаш се појавуваат само спорадични жаришта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top