| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лондон средба на најнискиот и на највисокиот човек во светот

naj

Најнискиот човек на земјата, Чандра Бахадир Данг од Непал и највисокиот Султан Ќосе од Турција, се сретнале во Лондон.

Тоа се случило на Денот на Гинисовата книга на рекорди, кој се одржува веќе десет години и на 60 -годишнината од излегувањето на првата книга со рекорди. Двајцата најнапред ја посетиле болницата „Свети Томас “, а потоа за спомен се фотографирале пред Биг Бен. Тие одделно патувале во целиот свет во различни кампањи на книга на рекорди, но првпат се среќаваат.

– Нашата средба е неверојатна. Се надевам дека отсега ние веќе сме навистина добри пријатели и ќе направиме многу работи заедно, рекол Султан и додал дека е убеден дека Чандра е добар човек и го поканил на гости во Турција.

Непалецот пак возвратил дека е многу горд што патува и ја претставува татковината низ целиот свет и ќе ја посети и Турција.

75-годишниот Чандра Бахадир Данг е висок само 54,6 см и го собори рекордот на Ѓул Мохамед, кој беше висок 57 см во 1997 година. Тој живее во селцето Реемколи на 540 километри од главниот град Катманду. Станал познат откако еден дрвосечач го видел во неговото родно село и ги информирал за него медиумите. Сите во неговото семејство се со нормална висина.

najvisok_najnisok-326x235

31-годишниот Султан Ќосе е висок 251 см и е највисокиот човек во светот од 2009 година, изместувајќи го од првото место кинезот Си Шун со неговите 236 см висина. Ќосето не успеал да заврши никакво образование заради својата висина, поради што не може да биде ниту земјоделец. Минатата година тој се оженил за Турчинка со сириско потекло Мервил Дибо, која е еден метар пониска од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top