| четврток, 6 декември 2018 |

Кампања со бремени кукли-тинејџерки во излозите на продавниците во Венецуела (видео)

bremeni kukli

Во трговски центар во Каракас, главниот град на Венецуела, во излозите осамнале кукли маскирани во бремени тинејџерки. Место да носат гардероба што се продава во продавниците, куклите имаат големи стомаци и носат училишна униформа, која инаку ја носат учениците помлади од 15 години. Оваа шокирачка кампања ја почнале две локални хуманитарни организации за да ја подигнат свеста за малолетничката бременост.

Венецуела има најголема стапна на малолетничка бременост во Јужна Америка. Една девојка помлада од 18 години забременува на секои три минути, а 23 отсто од бебињата ги раѓаат малолетнички. Соочени со овие поразителни податоци, луѓето од двете хуманитарни организации се решиле да ја подигнат свеста за тоа, како и за сексуалното образование во Венецуела.

Контровезната кампања потикнала бурни расправи за сексуалното образование во Венецуела. Кампањата ќе трае еден месец, а можеби ќе биде проширена и во другите трговски центри низ Венецуела, во која живеат 30 милиони луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top