Фестивалското гласање крена многу прав. По завршувањето на „Скопскиот фестивал“ синоќа и МВР се вклучи во акција – се местел фестивалот. Повеќе од 10 лица, меѓу кои и јавни личности и малолетници, се приведени за местење на телефонското гласање. Кај приведените се пронајдени повеќе стотици СИМ-картички од кои гласале. И додека трае полициската акција, пејачите не се жалат за наместен фестивал. Од МТВ, оранизаторот на овој фестивал, на кој се избираше македонскиот евровизиски претставник, велат дека никој од авторите и изведувачите на песните не се пожалиле за некакви нерегуларности за време на гласањето. Но, сепак, додаваат оттаму, пред да излезат со официјално соопштение, ќе ги чекаат резултатите од истрагата на МРТВ.
– Направивме максимум во смисла на заштита од евентуални нерегуларности. Пораките чинеа 5 денари, а тоа го направивме со цел да поттикнеме и да овозможиме повеќе луѓе да се приклучат во гласањето. И она што е најбитно – овозможивме од еден телефонски број да може да се гласа само еднаш – велат од МРТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%