Основачот на гигантот „Алибаба“, Џек Ма, и покрај тоа што поседува околу 24 милијарди долари, вели дека трошењето пари за него е многу покомпликувана работа отколку нивното заработување.
– Трошењето пари за мене е многу потешко од заработување пари – изјави тој за британски „Телеграф“.
Како што пренесуваат медиумите, „Алибаба“ само во вторникот направил промет од 9 милијарди долари, а сопственикот, сепак, не е среќен.
– Не сум среќен човек, богатството ми создава голема болка, најпрвин затоа што сите се со мене и околу мене исклучително поради парите. Кога ќе поминам на улица, луѓето поинаку ме гледаат. Само сакам да бидам тоа што сум, обичен човек – вели Ма.
„Алибаба“ неодамна ја презеде компанијата „Волмарт“ и со тоа стана најголем светски гигант во областа на малопродажбата, а во септември е проценета на 170 милијарди долари.
Вредноста на една акција достигна неверојатни 119 долари.
Поранешниот учител, педесетгодишниот Ма вели дека скокот на вредноста на акциите на неговата компанија се една од причините за неговото нерасположение.
– Акциите растат, богатството се зголемува, но луѓето тогаш имаат преголеми очекувања од вас. Тоа е мошне тешко и се обидувам да не полетам во тие моменти, туку да останам цврсто на земјата – додава тој.
Според него, човекот кој има многу пари, има и одговорност да ги троши на почнување нови бизниси, кои ќе им помогнат на луѓето што немаат и кои ќе отворат нови работни места.
-Мораш да им покажеш на тие луѓе дека не си обичен богаташ, туку дека можеш да бидеш уште подобар и дека можеш да им помогнеш повеќе од владата во нивната држава. Тоа е голем предизвик – нагласи Ма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



