| четврток, 6 декември 2018 |

Не плачете за Џони Деп: Нема да верувате на какви глупости ги потроши милионите

Медиумите деновиве ги пренесуваат сториите за актерот и судскиот процес по тужбите меѓу него и неговите бизнис партнери. Две работи станаа кристално јасни: дека актерот е ненормално богат и дека уште поненормално троши.

Неговите советници од ТМГ тврдат дека самиот е виновен  за 650 милиони долари кои за 13 години соработка ги потрошил на разни будалаштини. Тој пак вели дека вината е нивна бидејќи не го советувале квалитетно и не се грижеле за неговите финансии.

Списокот некого ќе го воодушеви а некој ќе го „осуди“ како расипничко неговото однесување.

30 илјади долари месечно за вино

Според Бизнис Инсајдер Деп трошел десетици илјади долари за да му носат вино од сите делови на светот. Вионото било наменето за „лични потреби“, што значи дека актерот има „добра голтка“

200.000 долари месечно за летање со приватни авиони

Секако не се очекува толкава ѕвезда да патува со комерцијални летови. Ако може виното да му го носат дома со авион, нема причина и самиот да не ужива во истиот луксуз.

400.000 долари за една дијамантска манжетна

Се откри дека Деп со години трошел милиони на накит, што изненадува заради неговиот изглед на „бескуќник“. Во една прилика на налет на импулсивно купување набавил дијамантска манжетна вредна 400 илјади долари.

Милиони на уметнички дела

Дип наводно има огромна колекција на умтнички дела меѓу кои и дела од Енди Ворхол, Амадео  Модилјани, до слики од Леонор Фини. Зошто? Бидејќи му се допаѓале. Но вреди да се напомене дека  една нејзина слика вредна 245 илјади долари била подарок за неговата тогашна девојка.

Милиони долари за холивудска меморабилија

Џони Деп не е осамен во ова хоби, многумина оддаваат чест на легендите на Холивуд, купувајќи нивни работи, но Деп е рекордер. Наводно има 12 складишта преполни со холивудски дребулии. Би потрошил уште милион за да може сето да го архивира.

Милиони долари на гитари

Музичари веројатно нема да го осудат, но Деп има „брдо“ гитари. Поточно, седумдесет!


Меѓу 3 и 5 милиони долари за посебен топ од кој ја испали пепелта на Хантер С. Томсон

За ова нема сомнеж, Дип потрошил огромна сума на пари за оваа глупост, што и самиот го признава. Уште повеќе, екипата од ТМГ тврди дека се работи за три, а Деп дека станува збор за пет милиони, притоа додавајќи дека се работи за нивна негрижа. Како и да е, скапо простување со Томсон.

3,6 милиони долари годишно за приватна послуга

Освен што има мноштво лични асистенти и осигурување за него и неговите деца, секоја негова резиденција има приватна послуга. Поточно вработува 40 лица.

5,35 милиони долари за три острови на Бахамите

Признајте дека ако сте во можност и вие би сте си купеле лично ваш остров отколку секоја година да се мачите каде на летување. Дип секогаш има три опции, односно, три острова на Бахамите.

18 милиони долари за 50-метарска јахта

Ако до сега не сте знаеле, една јахта е поскапа од три острови. Само одржувањето на јахтата месечночини 350 илјади долари. Затоа и не изненадува фактот дека прво од неа се „ослободи“. Јахтата ја купи Џеј Кеј Роулинг.

75 милиони долари за купување и реновирање на 14 имоти

Ова се многу пари, но мора да знаете дека Деп купи дворец на југот на Франција, има пет луксузни пентхауси во центарот на лос Анџелес и функционална фарма за коњи во Кентаки. Значи логично е толку да троши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top