Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во мечот од второто коло од групата А го победи Стан Вавринка препуштајќи му само три гема.
Србинот на мечот, кој траеше еден час и пет минути, до втората победа дојде со 6:3 и 6:0 по сетови.
Со евентуална трета победа во групата, каде што го очекува дуелот со Томаш Бердих, Ѓоковиќ ќе си го обезбеди опстанокот на првото место на листата на АТП без оглед на резултатите на конкурентот Роже Федерер.
Претходно, на другиот меч од 2. коло во групата А, Томаш Бердих го победи Марин Чилиќ со 6:3 и 6:1. Табела А група: Ѓоковиќ 2-0 (победи-порази), Вавринка 1-1, Бердих 1-1, Чилиќ 0-2.
Денеска на програмата се средбите од 3. коло во групата Б: Кеи Нишикори – Милош Раониќ и Роже Федерер – Енди Мареј.
Табела Б група: Федерер 2-0, Нишикори 1-1, Мареј 1-1, Раониќ 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.