Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју за британските медиуми, на шега се обиде да го утеши бугарскиот тенисер Григор Димитров поради тоа што не успеа да се пласира на завршниот мастерс во Лондон.
– Тој ја има и Марија Шарапова, што повеќе да бара од животот – се пошегува Ѓоковиќ во разговор со британските медиуми за да му даде поддршка на помладиот колега.
Ѓоковиќ исто така наведе дека Димитров е сјајна личност и одличен тенисер, и дека од него очекува наскоро и триумф на еден од гренд-слем турнирите. Димитров до турнирот во Париз беше во игра за завршниот мастерс во Лондон, но на крајот, сепак, не успеа да дојде до едно од осумте места што гарантираа заминување во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.