| четврток, 6 декември 2018 |

Еболата сее страв, никој не сака да биде домаќин на африканскиот куп на нации

Еболата е сериозен проблем во Африка, а стравот донесе и фудбалски главоболки. Мароко ја врати кандидатурата за домаќин на африканскиот куп на нации што треба да се одржи во јануари и февруари идната година, а нови кандидати за домаќини на шампионатот нема.

Челниците на африканската фудбалска конфедерација го одбиоја предлогот на мароканците купот да се одложи за една година, а дополнителни проблеми им создаваат и Јужна Африка, Египет, Судан и Гана, земји што ја одбија понудата да го организираат континенталното натпреварување.

afrika

Мароко веќе е суспендиран и нема да игра на турнирот следната година, а кој ќе биде домаќин и дали некоја од африканските земји ќе прифати да биде организатор во 2015 година ќе се знае денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top