| четврток, 6 декември 2018 |

Сакале бебе но тој загинал, тогаш се случило нешто неверојатно

25-годишниот Камерон минатиот петок седнал на мотор и отишол да гледа куќи, барајќи совршен дом за себе и за својата идна сопруга. Меѓутоа, доживеал страшна несреќа и три дена подоцна починал во болница.

Камерон Робинет од Аризона не дочекал да му се исполни најголемата желба да стане татко, меѓутоа неговата сопруга Стефани веднаш смислила план – на интернет ја објавила нејзината трогателна приказна и ги замолила луѓето да донираат колку можат, за да собере средства за процедурата на земање сперма.

Допрени од нејзината трагедија, непознати луѓе веднаш почнале да уплаќаат пари и за неколку часа успеала да собере 11.000 долари.

– Мојот вереник Камерон доживеа несреќа на мотор во петокот и денес е прогласен за мртов. Многу сакаше деца, а нашите семејства и јас решивме да го исполниме тоа. Ова бебе би било навистина сакано и окружено со прекрасно семејство. За жал, за оваа процедура е потребно да се уплатат 6.000 долари до утре навечер, а тоа е сума која ние не можеме да ја собереме. наместо цвеќиња и подароци во чест на Камерон, ве молиме да дадете донација за да вратиме дел живот од Камерон, неверојатниот, згодниот, духовит маж кој го сакам со целото мое срце – напишала таа во огласот.

Донациите набрзо почнале да пристигнуваат, а некои луѓе уплаќале дури по 1.000 долари.

– Бевме многу возбудени околу создавањето на семејство. Ми велеше дека веднаш треба да почнеме со тоа и не мора да чекаме до венчавката. Многу сакаше да биде татко и сега ја исполнувам неговата желба – вели 22-годишната Стефани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top