| четврток, 6 декември 2018 |

Капетанот на потонатиот јужнокорејски ферибот доби казна од 36 години затвор

zatvor-kapetan500

Триесет и шест години затвор е пресудата која му е изречена на 69-годишниот Ле Јонг-Сеог, капетан на јужнокорејскиот ферибот „Севол“ кој потона во април оваа година. Во несреќата загинаа или исчезнаа 304 патници во најголем дел ученици.

Обвинителството бараше смртна казна за капетанот, а затворска казна во времетраење од 30 години поради убиство му е досудена и на главниот инженер на фериботот.

Владата на Република Кореја денеска објави дека ја прекинува потрагата по деветте жртви од потонатиот на 16 април ферибот, кои се водат за исчезнати.

На траектот „Севол“ се наоѓале 476 патници и членови на екипаж за време на несреќата на 16 април годинава. Само 174 лица се спасени во несреќата. Капетанот и поголем дел од екипажот биле меѓу првите што се евакуирале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top