| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со честитка за 8 Март

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им го честиташе 8 Март на сите жени. Тој на својот профил објави фотографија под која напиша:

-Им се восхитувам на дамите од многу причини: мојата мајка беше мојот најголем поддржувач целиот живот, мојата Јелена и натаму ми дава сила и љубов во сите предизвици со кои се соочувам секој ден. Имам сестра и тетка, пријателки и колешки – сите прекрасни и креативни дами. На денешен ден сакам да кажам ви благодарам на сите, ви благодарам на сите жени во светот за вашата храброст, на вашатата иницијатива, на вашите топли и љубезни насмевки, на вашите одлични доприноси во бизнисот и развојот на целото општество. Овој свет е поубав поради синергијата која ја креираме заедно како назависни и рамноправни суштества.

На крај – ја давам својата поддршка на Обединетите нации за 8 Март. Ветување е ветување: време е за акција за крај на насилствто над жената.

novak1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top