| четврток, 6 декември 2018 |

Берлин: Нема да има нови економски санкции против Русија

berlin-nqma-da-ima-novi-ikonomicheski-sankcii-sreshtu-rusiq-267373

Не се предвидуваат нови економски санкции против Русија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа во исто време истакнала дека не е исклучено Европската унија да ја прошири црната листа на правните и на физичките лица.

Поради интервенцијата на Москва во Украина, Брисел го забрани пристапот на десетици луѓе на територијата на 28-те земји-членки и ги замрзна финансиските средства на голем број руски компании.

Денес е соопштено дека на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ, на 17 ноември во Брисел, може да бидат воведени нови ограничувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top