Индискиот премиер Нарендра Моди назначил нов министер за одбрана, но и министер за јога во големата реконструкција на владата, со цел да се забрза темпото на реформите.
Моди е голем следбеник на јогата, чие практикување сака да го промовира, така што назначил министер за традиционална медицина, како што се јогата, ајурведата и хомеопатијата.
Традиционалната медицина и претходно била вклучена во ресор на индиското Министерство за здравство, но сега ќе има свое одвоено министерство кое ќе го води поранешниот министер за туризам Шрипад Јесо Наик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.