| четврток, 6 декември 2018 |

Дибиров, Штербик, Лазаров и Вугринец во избор за најдобрите во 2014

Ракометниот портал „handball-planet“ ги претстави номинираните ракометари за изборот на најдобрите во 2014 година. Дел од номинираните играчи се и двајца вардарци Тимур Дибиров и Арпад Штербик, додека на десната бековска позиција меѓусебни конкуренти се Кире Лазаров (Барселона) и Ренато Вугринец (Металург).

Изборот е направен во соработка со 23 спортски новинари од целиот свет. Главни конкуренти на Тимур Дибиров, кој настапува на позицијата лево крило се: Андерс Егерт, Гудјон Валур Сигурдсон и Уве Геншхајмер.

vardar-19

Во конкуренција на најдобри голмани, покрај Арпад Штербик се најдоа: Никлас Ландин, Матијас Андерсон и Тјери Омејер.

Гласањето за посетителите на „handball-planet“ ќе трае до 4 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top