| четврток, 6 декември 2018 |

Рома не се откажува од врвот

Фудбалерите на Рома на свој терен забележаа убедлива победа од 3:0 на дуелот со Торино и повторно се вратија на минус три во однос на лидерот Јувентус.

На другите два синоќешни натпревара од 11.коло во Серија А поуспешни беа гостинските екипи. Наполи освои три бода по победата над Фиорентина од 1:0 и се искачи на третата позиција на табелата, додека Верона одигра нерешено 2:2 на „Џузепе Меаца“ со фаворитот Интер.

Резултати на другите дуели од ова коло: Јувентус – Парма 7:0, Каљари – Џенова 1:1, Киево – Чезена 2:1, Емполи – Лацио 2:1, Палермо – Удинезе 1:1, Сампдорија – Милан 2:2 и Сасуоло – Аталанта 0:0.

Табела: Јувентус 28 бодови, Рома 25, Наполи 21, Сампдорија 20, Лацио 19, Џенова 19, Милан 18, Удинезе 17…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top