| четврток, 6 декември 2018 |

Подравка „прегазена“ во Скопје, ЖРК Вардар ја покажа сета своја сила

ЖРК Вардар полека влегува во победнички ритам . Тоа на своја кожа најдобро го почуствуваат гостинките од Копривница, Подравка. Избраничките на Индира Кастратовиќ моќно, брзо, полетно, атрактивно го демолираа денешниот противник во четвртото коло од Лигата на шампионите со 35-25.
Како што најави Кастратовиќ пред овој натпревар, акцент ќе биде ставен на одбраната. Тоа и се случи во првиот дел кога гостинките мака мачеа да дојдат до голот на Ина Суслина. Суслина во првиот дел успеа да фати десет топки од кои три седмерци. Во нападот предничеа Сираба Дембеле и Јованка Радичевиќ со три гола.

vardar-turinger-3

Во вториот дел, ЖРК Вардар ја забрзаа играта и лесно стигнуваа до голот на Милановиќ, но таа докажа дека се работи за фантастичен чувар на мрежата и успеа да фати вкупно 16 удари.
За одебелеужување е потегот на Кастратовиќ во вториот дел е влегувањето на младата Симона Стојановска која покрај тоа што играше и во нападот и во одбраната во последните 10 минути изведе и два седмерци. Таа во манир на расен стрелец без проблеми ја погоди мрежата на Подравка.

vardar-turinger-6

На голот Ина Суслина беше заменета од Драгана Петковска која се покажа во одлично светло. Успеа да фати неколку одбиени топки и да фрли контра кон Радичевиќ, но за жал црногорската репрезентативка од зицер позиција ја погоди само гредата од голот.
Во финишот Кастратовиќ ја пушти и Сара Митова и заедно со Петковска и Стојановска се иднината на македонскиот женски ракомет.

Во листата на стрелци се запишаа дури 12 ракометарки. Нив го предводеше Јованка Радичевиќ со пет гола, а по неа следеа Лекиќ, Дембеле, Пенезиќ, Зебиќ со по четири гола. Покрај голманот Миленковиќ која одбрани 16 шутеви кон својот гол, во нападот се истакна Човиќ со пет, сите во второто полувреме.

Следниот натпревар ЖРК Вардар повторно го игра на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ следниот викенд против првопласираната екипа во нашата група Будуќност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top