Лидерот на североисточната шпанска провинција Каталонија, Артур Мас побара денеска одржување „конечен референдум“ за независноста по денешното симболично изјаснување.
Мас на луѓето кои чекаа во редови за да гласаат, им рече дека денешното неофицијално гласање покажува дека Каталонците заслужуваат вистински референдум за независност и изрази надеж дека ќе успее да го убеди Мадрид да престане да се противи на тоа.
– И покрај огромните тешкотии на нашиот пат, на 9 ноември сме овде и голем број учествува во овој вонреден настан. Заслужуваме право за да гласаме на конечен референдум и можеби Мадрид тоа го разбира, но ние сакаме да продолжиме со тој процес дури и ако Мадрид не искаже разбирање- нагласи Мас.
– Ќе се обидеме да ги убедиме луѓето во Мадрид по 9 ноември дека каталонскиот народ залужува референдум со сите политички последици каков што имаа во Шкотска пред неколку недели и народот на Квебек пред неколку години. Зошто не и Каталонија? – додаде тој.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој рече дека не може да се дозволи референдум како во Шкотска бидејќи Шпанија за разлика од Велика Британија, има Устав со кој тоа е забрането.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.