Познатата танчарка и, според некои, модна икона Дита вон Тизе го претстави фустанот создаден со тридемензионална технологија. Овој фустан настанал по соработката со дизајнерот Мајкл Шмит и архитектот Францис Битонти. Шмит во јавноста е познат по соработката со екцентричната Лејди Гага, за која веќе го смисли фустанот од меурчиња сапуница, а Битонти е архитект кој е познат по тоа што дизајнот го поврзува со новите технологии, иновации и нови необични технологии.
Овој фустан е направен од стврднат најлон во прав. Шмидт го дизајнирал фустанот на својот „ајпад“, а со Битонти комуницирал преку „скајп“ за да смисли 17 единствени делови на фустанот и дури 3.000 делчиња за да може да се движи таа што ја носи.





Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


