Американскиот трговски панел ги забрани постарите, но сѐ уште популарни производи на „Епл“ на пазарот во САД откако заклучиле дека нарушиле патентиран производ на „Самсунг“.
Одлуката вклучува постари модели на iPad и iPhone кои имаат способност да пренесуваат повеќе услуги истовремено преку 3G безжичната технологија. Од „Епл“ велат дека ќе се жалат на одлуката, а ова е најновиот случај од бројните судски спорови помеѓу двата гиганти, кои се спротивставени во правни битки во десет различни земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.